Љубен Пауновски го доби случајот против Македонија во Стразбур

by fokus

Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски му било нарушено правото на судење во разумен рок, но ги одби жалбите за повреда на други права од конвенцијата, пренесе „Телма“.

Судот по основ на констатираната повреда му досуди надомест на штета во износ од 900 евра, и уште 800 евра за покривање на трошоците.

Деновиве судот во Стразбур утврди повреди и за лустрираниот кичевски судија Драги Билевски чиј начин на лустрација стана дел и од истрагата на СЈО за случајот „Моќник“ против пратеникот Антонио Милошоски.

Во април 2007 Пауновски беше осуден на три и пол години затвор. Обвинението го товареше за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Беше осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001, наводно преку два договора направени со фирма на негови роднини, а со кои државата Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки.

Во Стразбур оцениле дека во неговиот случај има повреда на правото на правично судење во разумен рок. Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење

Поврзани новости