930
Претседателот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски, беше вчера забележан на големиот народен митинг на СДСМ во Битола со кој партијата ја стартуваше изборната кампања. Бошковски стоеше веднаш до бизнисменот Фијат Цановски.
И двајцата беа погодени од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Бошковски пред една година излезе од затвор каде отслужуваше затворска казна од пет години за нелегално финансирање на изборна кампања, а обвинет е и во случајот „Ровер“. Цановски, пак, имаше бизнис проблеми откако власта на Груевски го сруши комплексот „Космос“ во негова сопственост.