Љубчо Георгиевски излезе со историски анализи на својот Фејсбук профил.
„Зошто не го го славиме востанието во Одринско, седмиот востанички округ на Тморо е јасно но не вистинито. Бидејки во Одринско се чисти Бугари треба да признаеме дека заедно сме се бореле, иако сите тие се лојални на Централниот комитет, а нивниот лидер Михаил Герџиков е прв пријател на Гоце и на Јане.
Но поинересно е зошто не го славиме востанието на Серскиот округ кое почнува на Крстовден???
На 1 септември 1903 во селото Пирин се собираат над 700 комити и пред сите Сандански се помирува со претседателот на Врховниот комитет, генералот Цончев за заедничка борба. И не само тоа, Сандански му дозволува да биде командант на востаничкиот штаб и им дозволува на сите врховистички војводи да бидат команданти на неговите комити????
И како после да не го скратиш Илинденското востание на десет дена!?“ – напиша Георгиевски на Фејсбук.