Пратеникот Сашо Василевски со нога ја турнал гредата од вратата на Собранието

by fokus

Пратеникот Сашо Василевски ја отворил вратат од Собранието, при што насилната толпа влегла во парламентот. На денешното судење за случајот 27 април беше прикажана снимка на која се гледаше отварањето на влезната врата.

-Крсто Муковски оди кон средната врата а во холот доаѓа и Љупчо Димовски кој му покажува да ја крене гредата. Муковски се враќа кон салата, а тогаш Сашо Василевски со нога ја бутка гредата а повторно му се доближува Муковски. Тука се и Љубен Арнаудов кој зборува на мобилен и Јохан Тарчуловски кој разговара со обвинетиот Оливер Поповски. Сведокот Владимир Стојков, обезбедување, притрчува кон влезните врати и ја враќа гредата. Василевски повторно ја трга и со нога ја шутира. Муковски стои во холот и тогаш оди кон вратата, рече обвинителката Вилма Рускоска, појаснувајќи што се гледа на снимката.

Оваа ситуација на едно од претходните рочишта ја опиша и сведокот Стојков, кој појасни дека со Василевски се грабале за гредата.

Во меѓувреме на снимката се гледаше и како обвинетиот Абдулфета Аљими , обезбедување во Собранието, му ги дава клучевите од една од вратите на обвинетиот Горан Ѓошевски, а на снимката се гледа како клучевите паѓаат.

Поврзани новости