ЛП: Време е за расчистување со криминалните структури

by Фокус

Либералната партија го поздрави донесениот Закон за Специјален Јавен обвинител како и изгласувањето на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител, што претставува сегмент од Транзицискиот период кој треба да заврши со парламентарните избори во април 2016 год.

-Значајноста на постигнатиот договор е уште поголема имајќи ја во предвид започната кампања во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите блиски до нив дека овој Закон е надвор од Уставот на Р. Македонија, дека го нарушува правниот поредок итн. Можеби во иднина би очекувале преставки до Уставниот суд за заштита на Законитоста, со цел да работата на Специјалниот јавен обвинител и неговиот тим би била доведена под сомнеж во јавноста. За одредени структури еполесно да се говори за сомнежите за работа на Специјалниот јавен обвинител, отколку да се решаваат проблемите, кои се превземени со обврските од Транзицискиот период. Како ќе се решат проблемите со Државната изборна комисија, изборниот модел и избирачкиот список треба да биде во главен фокус на периодот што следува- велат од ЛП.

За Либералната партија, принципот на владеење на правото претставува темелна вредност завраќање на довербата на граѓаните во државата. Не случајно со сведочењето на Слободан Богоевски пред њујоршкиот суд, за случајот Маѓар- Телеком, а кое е достапно во јавноста, како и неговата изјава за спремност да го повтори исказот пред македонските судови, уште повеќе не охрабрува да сметаме дека доаѓа период на расчистување со криминалните структури, кои беа и сеуште се дел од владеачките гарнитури од периодот на 24 годишната независност на Р. Македонија. На овој начин ќе им се помогне на сите политички партии да започнат процеси на расчистување со нивните криминогени структури, со што политичкото и општественото делување на партиите ќе бидеослободено од криминали, уцени и клиентелизам.

-Затоа Либералната партија смета дека периодот кој следува треба будно да се опсервира, не само одполитичките партии, туку и од граѓанскиот и невладин сектор, со што понудата за подобрување на општественото живеење ќе биде сеопфатна и квалитетна за граѓаните на Р. Македонија- потенцираат од партијата.

Скопје

Поврзани новости