ЛП: Во договорот не е опфатено прочистување на избирачкиот список

by Фокус

-ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА оценува дека во Протоколот кон Договорот од 2 јули 2015 не се опфатени многу важни прашања од кризата, кои се забележани во Извештајот на Прибе. Протоколот не се задржува децидно и на оние елементи неопходни за обезбедување демократски и неспорен изборен процес (прочистувањето на избирачкиот список, изборниот модел, пописот), реагираат од Либералната партија на вчера постигнатиот договор за надминување на политичката криза.

Од Либералната партија посочуваат и дека  „очигледни се и одредени недоречености во постапката за остварување на целите на Договорот од 2 јуни 2015, било оние што се јасно декларирани во текстот, било оние што произлегуваат од самата содржина на Договорот и Протоколот.“

Велат дека во наредниот период ќе стане јасно  колку секој од потписниците  вистински е решен да води сметка за државните интереси, а колку ќе се влечат потези инспирирани од лични и теснопартиски мотиви.

-Согласно претходно наведеното, имајќи предвид дека Договорот и Протоколот се „спонзорирани“ и „гарантирани“ од претставниците на европските институции, според ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА потребен е перманентен мониторинг на неговото спроведување од страна на гарантите на Договорот и Протоколот, а особено ЕК, стои во соопштението од Либералната партија.

Поврзани новости