-Владата до скоро беше „глува“ на барањата и протестите и предлозите и на хонорарците, и на ЛП, и на јавноста воопшто, а сега, по само шест месеци од примената на законот, за истиот закон, истата Влада бара од Собранието да се укине законот со бледо и неаргументирано објаснување, rреагираат од Либералната партија на одлуката на Владата да го укине Законот за хонорарци.
Од Либералната партија велат дека тајмингот на ваквата одлука укажува на скриени политички намери на Владата или за нејзина дезориентираност во економскиот дел.
-За да се постигнат зголемени позитивни ефекти за сите, сметаме дека во иднина оваа материја треба да се опфати и регулира со подетална анализа и во соработка со деловната заедница и хонорарните работници, порачуваат од ЛП.