Општина Лозово ја најави општинската манифестација ,,Овчеполски гродобер” која ќе се одржи на шести и седми септември.
Како што појаснува градоначалникот Бошко Цветковски, манифестацијата е со цел да стане традиционална, и да го промовира винскиот туризам.
Ќе настапеле дуото „Некст тајм”, Ламбе Алабаковски, Атиџе Муратова и фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“ од Лозово, и други.
-Општината привлекува многу винарии да откупуваат грозје од овој регион и грозјето од овде претставува гордост за македонската винска индустрија. Вината од овој регион го отсликуваат автентичниот карактер на Овчеполието и ја претставуваат македонската винска традиција на најдобар начин.
Со секоја чаша вино од Општина Лозово, може да се вкуси радоста од богатството на земјоделскиот раскош на регионот, создадена од рацете на локалните жители кои ја работат и ја берат секоја година со љубов и страст.
Овој регион има несомнено потенцијал да се развие во важен хубли за винската индустрија на Република Македонија и да привлече туристи со своите вински туризам и уживање во богатите гурмански и културни доживувања.
Нека стане традиција!
Нека не знаат по трудот!
Нека не знаат по прекрасното вино! – истакна градоначалникот.
Со гроздоберот, Лозово се приклучува на десетиците општини во земјава кои имаат свои општински манифестации, каде промовираат свои локални производи, а се одржуваат со забавни и едукативни содржини, како и музички концерти за да привлечат што е можно поголем број на посетители.
Манифестациите се платени со средства од општинските буџети, како и од спонзори и за нив годишно се одвојуваат десетици, па и стотици илјади евра.