438
Компанијата Фјесбук откри грешка во својата социјална мрежа која предизвика лозинките на стотици милиони корисници да бидат видливи на вработените во компанијата и соопшти дека проблемот сега е решен.
При безбедносен преглед во јануари, Фејсбук утврдил дека лозинките се зачувани во читлив формат во однос на безбедносните процедури, но оти никогаш не биле видливи никому надвор од компанијата, пренесе Блумберг.
Повеќето засегнати профили користеле Фејсбук лајт верзија на апликацијата дизајнирана за пазари во развој.
Компанијата соопшти дека не пронашла докази дека тој пристап бил злоупотребен.