408
В.К.
На градскиот плоштад во Кавадарци во недела во 11 часот ќе започне протестот на лозарите од Тиквешијата.Причина за мирниот протест е неисплатеното грозје, неколку години наназад, од винариите ,,Повардарие” и ,,Стефанс”.
Како што информираа за време на средбата со градоначалникот Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов, само винаријата ,,Стефанс” им должела околу 680 илјади евра за реколтата од 2015 година. Доколку мирниот протест не вроди со плод, лозарите најавија дека од 10-ти февруари ќе започнат со блокади на патиштата.
Од здружението ,,Напредни винари” ги повикаа сите лозари на кои им должат винариите, но и останатите граѓани кои сакаат да им дадат поддршка, со цел да се стави крај на манипулациите со нивниот труд, да им се придружат во недела.
В.К.