Музичкото дуо „Некст тајм“ го најави својот голем концерт, кој ќе се одржи на 17-ти декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје.
На концертот ќе го претстават својот последен албум „Мајка“, а специјален гостин ќе биде Влатко Лозановски – Лозано.
-Голем концерт на групата која ја одбележа последната деценија на Македонското музичко небо. Концерт од срце за Македонија – најави организаторот.
Влезниците за настанот се продаваат по цена од 600 до 1.000 денари.
Наредната година пак, дуото заминува на својата прва турнеја во Америка. Настанот го најави продукцијата Република ентертејнмент, која исто така најави и голема американска турнеја на Лозано во САД во 2023 година.
„Некст тајм“ и Лозано летово одржаа голем заеднички концерт и во Антички театар, Охрид.
Дуото пееше преработки на стари македонски патриотски песни, а пак Лозано настапи со неговите љубовни балади.
Вики Клинчарова