445
29-годишен штипјанец со иницијали И.В. бил повреден во потколеницата откако ловџија испукал куршуми кон него, мислејќи дека има волци.
„На 12.01.2019 година во 13,00 часот било пријавено дека во атар на с.Негорци-гевгелиско на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од с.Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија. Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.