Ловец падна во дол и ја скрши ногата на непристапен терене кај скопското село Буковиќ.
Од Центарот за управување со кризи соопштија дека човекот е безбедно евакуиран и со хеликоптер транспортиран на Ургентниот центар.
Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен“, од ЦУК ја оценуваат спасувачката операција.
Ловецот Г.Ј. во ловечката кариера, многупати го поминал теренот при лов на диви свињи, но денес паднал во длабок дол со карпи и ја скршил десната нога, во пределот на потколеницата до долниот зглоб, на многу непристапен терен. Не ја соблекол чизмата, за да ја држи постабилна скршеницата и веднаш ги побарал ловечките другари кои биле распрскани околу него на теренот при планираниот лов на диви свињи. Тие дошле на помош, но повредата била опасна, а теренот непристапен. Се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување бил покренат. Медицинската екипа за 20-ина минути стигнала на местото, но големиот висок планинки дол бил прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него.
Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош давала совети, а ловците ги спроведувале. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место.