Ловџија од Македонски брод го застрелал својот пријател додека ја чистел пушката. Несреќниот човек починал на лице место.
Трагичниот момент се случил во дворот на Т.Т. кого полицијата го приведе.
„На 15.07.2024 полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.
Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека на местото е направен увид од екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.