Едно лице од Скопје било пронајдено повредено во автомобил кај Маврово при што веднаш било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според информациите, скопјанецот се повредил со ловна пушка карабин во селото Галичник.
„На 13.05.2020 во 21.35 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека на регионален пат Маврово-Маврови Анови, на совозачкото седиште во паркирано патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, бил затекнат повреден М.В.(54) од Скопје. По кажување на возачот на возилото О.Р.(45) од Скопје, додека двајцата, заедно со Н.Д.(29) од с.Маврово, биле на место викано „Тонивода“, атар на с.Галичник, каде пукале во мета, М.В. се повредил од ловна пушка карабин, сопственост на О.Р. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот е известен Јавен обвинител, а од полициски службеници од СВР Тетово ловната пушка била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.