Досега се лоцирани 40 лица кои за време на директен пренос на Инстаграм му дадоа поддршка на налудничавиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој брутално уби три лица – неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, таткото и синот Џенгис и Денис Ондер, кои се турски државјани и рани три лица, пишува N1.
Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопругата на Џенгиз Ондер.
Сулејмановиќ во живо го пренесуваше бруталното убиство на невенчаната сопруга, а за време на преносот имаше и луѓе кои го поддржуваа.
Како што изјави за Аваз, Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за регистрација на поединци.
– Директорот на ФУП ме информираше дека одделението за компјутерски криминал на ФУП веќе врши активности поврзани со евидентирање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот – рече Исак.
Како што пренесува Аваз, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, ФУП во соработка со ресорното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство и убиец, не само на Инстаграм, туку и на сите други социјални мрежи.