Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на криминалот на Груби во Лотарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот.

Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор.

Затоа во СДС нема ништо ново, туку се е како до сега.

СДС се веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши.

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал и корупција и се бори против истото“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости