554
Репрезентативецот на Македонија, Тихомир Костадинов го чека долга пауза откако во натпреварот против Горник Лечна ги скина лигаментите на коленото.
Костадинов на овој натпревар во игра влезе на полувремето и на теренот беше до 77. минута кога мораше да биде заменет.
Ова е лоша вест и за македонската репрезентација, и најверојатно е дека играчот нема да биде на располагање за натпреварите во Лигата на Нации против Бугарија, Гибралтар и Грузија.