Камала Харис нема да им се обрати на своите поддржувачи на Универзитетот Хауард, рече Кедрик Ричмонд, копретседавач на кампањата Харис-Валц.
Таа утре ќе и се обрати на нацијата, рече тој.
Ричмонд веста ја објави пред неколку мигови во кратка порака до поддржувачите.
Трамп беше прогласен за победник во две сојузни држави, намалувајќи ги шансите за победа на кампањата Камала Харис.
Камала требаше да им се обрати на своите поддржувачи на Универзитетот Хауард, каде што студираше.
BREAKING:
The head of Kamala’s campaign announces she’s cancelling her speech tonight pic.twitter.com/Eqv50FimWE
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 6, 2024
Нејзините поддржувачи не изгледаат премногу ентузијасти, судејќи според објавите на социјалните мрежи.
Од друга страна, прославата веќе започна во штабот на Доналд Трамп, а Трамп наскоро ќе им се обрати на своите гласачи.
Despair at the Kamala HQ in Washington D.C. right now pic.twitter.com/d0yfvtcjGm
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 6, 2024