Маурисио Покетино повеќе не е тренер на Челси! Одлука која (не) изненадува со оглед на се што се случуваше во лондонскиот клуб во текот на сезоната.
Се потроши огромна сума на пари, беа донесени големи засилувања и на крајот тимот заврши само на шестата позиција во Премиерлигата. Следната сезона ќе играат во квалификациите за Лига Европа.
„Во вторникот наутро имаше спогодбен прекин на соработката. По анализата на целата сезона, беше донесена оваа одлука. Нема ‘лоша крв” меѓу двете страни. Клубот веќе ја започна потрагата по нов менаџер и тие бараат за млад и прогресивен тренер“, се вели во текстот на британски „Телеграф“.
Така соработката заврши по само една година, откако беше потпишан двегодишен договор.
Меѓу имињата споменати во текстот се Себастијан Хенес (Штутгарт), Мичел (Жирона), Киеран Мекена (Ипсвич), Енцо Мареска (Лестер).
Во текот на целата сезона Челзи се мачеше, поголемиот дел од сезоната беше на средината на табелата, дури во еден момент беше поблиску до клубовите кои се борат за опстанок, отколку до Европа.
Успеа навреме да се „разбуди“ и да стигне до европското натпреварување, но тоа не беше доволно Покетино да остане менаџер.
Во соблекувалната имаше многу проблеми и несогласувања, па сега на „Стемфорд Бриџ“ најверојатно започнува нова ера.