399
Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели амбасадорката на Франција Лоренс Оер во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.
-Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту еден поединец не е над законот и затоа постои поделбата на власта и затоа постојат институции и комисии за контрола. Работата врз избирачкиот список ќе биде од суштинско значење за изборите, за кои треба да се обезбедат услови за граѓаните да имаат доверба во политичкиот систем и во институциите и да излезат на гласање на 5 јуни – истакна француската амбасадорка.