Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, изрази јавна благодарност што доби шанса да го предводи актуелниот европски шампион.
Лопетеги во јули ја напушти селекторската функција во шпанската фудбалска репрезентација и го прифати предизвикот да седне на тренерското место во „кралскиот клуб“. Сепак, не издржа долго, откако синоќа управата донесе одлука за негово разрешување поради слаби резултати.
– Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да го водам Реал. Благодарност и до фудбалерите за нивниот труд и залагање. Благодарам и на останатите во клубот со кои соработував, исто така и до навивачите за поддршката. На Реал му посакувам успех во продолжение од сезоната, изјави Лопетеги.
До назначување нов тренер, Реал ќе го води Сантијаго Солари.