Лондонската полиција го казни Џонсон и уште 49 лица кои беа на неговата забава

by fokus

Лондонската полиција изрече повеќе од 50 казни за посетителите на забавата во резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон и други владини згради за време на строгите рестриктивни мерки во првите бранови на пандемијата на Ковид. Ова се наведува во извештајот што го објави Скотланд Јард денеска, цитиран од локални и странски медиуми.

Би-Би-Си објави дека меѓу казнетите е и британскиот премиер и организатор на забавата, Борис Џонсон

Првите 20 казни беа изречени кон крајот на март, а две недели подоцна полицијата откри уште 30 случаи на прекршоци. Службениците за спроведување на законот не ги открија имињата на прекршителите, ниту датумот и местото на настаните што се случија во време на пандемијата.

Лидерот на либералдемократите Ед Дејви веќе рече дека бројот на издадени казни покажува „шокантен обем на прекршок“ на Даунинг стрит 10.

„Полицијата целосно ги отфрли тврдењата на Џонсон дека законите не се прекршени. Нему не може да му се верува, не може да остане премиер. Ниту еден друг лидер на која било организација не може да продолжи да остане на функцијата по прекршување на законот од ваков обем. Ако Борис Џонсон не поднесе оставка, конзервативните пратеници мора да му ја покажат вратата“, рече Дејви.

Поврзани новости