Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија „објавува лажни тврдења од епски размери“ дека Британците биле вмешани во саботажа на гасовод во Северното Море.
Со цел да го минимизира катастрофалното справување со илегалната инвазија на Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон лажни тврдења од епски размери, се додава во соопштението што го пренесе Би-Би-Си.
Таа измислена приказна кажува многу повеќе за дискусиите во руската влада отколку за Западот, додаде Министерството за одбрана на ОК.
Министерството за одбрана на Русија обвини претставници на британската морнарица за учество во планирањето и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември, кога беа оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.
Специјалисти на британската морнарица го обучувале воениот персонал на украинскиот 73. Специјален центар за поморски операции на вооружените сили на Украина, објави Спутник во соопштението од руското Министерство.