Локвенец: Не бегаме од избори, ВМРО ДПМНЕ бега од Законот за ЈО

by fokus

Ако ние имавме страв од избори немаше да понудиме тие да се спроведат уште во декември, уште тогаш бевме подготвени да го провериме рејтингот кај граѓаните. Аргументите се немилосрдни, фрапанатни во позитивна смисла. И на меѓународен план и на економски. Сите бројки упатуваат на тоа дека, не смее да се зборува, дека ние бегаме од избори, изјави пратеникот Хари Локвенец во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на информациите во јавноста дека изборите ќе се одложат ако не се донесе законот за јавно обвинителство, Локвенец појасни дека СДСМ не сака одложување на изборите, туку само на процедурата за избори.

-Не станува збор да ги одложиме изборите, туку да видиме дали можеме да ја одложиме одлуката за распишување на изборите. Сме имале и претходно изборни циклуси кога изборите се распишувале 50-тина дена пред нивното одржување и ако ги следиме овие примери, тогаш имаме уште некој седмица за да го донесеме законот, дополни Локвенец.

Поврзани новости