447
Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, во вчерашното гостување на „Отворено“ на Алфа ТВ, порача дека најдобро решение според него било името на државата да остане Македонија, но некои работи, како што рече, се менуваат многу брзо.
„Она што беше кажано во тој момент, кореспондираше на позицијата тогаш. Во политиката, не сте во можност она што ви е замислено и она за кое се борите, нештата се менуваат во час и минута. Убеден сум дека сето ова што го добивме, можеме да бидеме незадоволни сите. За мене единственото решение со кое јас би бил задоволен беше да остане Република Македонија. Но, водејќи сметка од потребата да се донесе едно вакво решение, една од нужностите кои требаше да се случат е овој Договор од Преспа“, истакна Локвенец.