425
Пратеникот Хари Локвенец во вечерашното гостување на Канал 5 му порача на неговиот соговорник Влатко Ѓорчев да не го крева адреналинот на граѓаните со манипулации завиени во форма на патриотизам.
-Кој е вистинскиот Влатко? Оној кој шири омраза како вечерва или оној кој на 27 април дојде и ме праша како ми е окото и дали сум добро?, рече Локвенец.
Тој додаде дека тој гарантира дека ВМРО-ДПМНЕ е патриотска партија, но дека некои поединци од партијата се обидуваат тоа да го злупотребат за лични интереси.