583
Локално црвенило, мал оток околу местото каде е извршено боцкањето и мала болка, се регистрирани кај неколку од здравствените работници кои примија вакцина против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.
Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за лесна локална реакција на вакцината.
– Освен црвенило, мал оток и болка, друга реакција на вакцината досега нема, посочи Филипче.