Пожарникарите од Куманово успеаја да ги локализираат и ликвидираат неколкуте пожари во кумановско и липковско, информираа денеска од ТППЕ Куманово.
Три екипи на противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари интервенираа на потегот помеѓу кумановските села Агино, Брзак, Романовце и скопското Дељадровце.
Други екипи вкупно две возила и петмина пожарникари гасеа пожар во атарот помеѓу липковско Лојане и кумановското Табановце.
-Во Агино, Брзак и Романовце, гореше стрниште сува трева, жито, во Агино село беше зафатена и кровна конструкција на викенд куќа. Поради претходно обилни дождови тревата е висока и го отежна гасењето – изјави заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.
Пожарот избувнал нешто по 14 часот а целосно е изгаснат во 21. Во липковско Лојане и кумановско Табановце била зафатена сува трева, стрништа.