463
Денеска е локализиран пожарот кај велешкото село Црквино кој од вчера претпладне беснее на потегот кај село Црквино накај село Венуле, а со кој се зафатени повеќе хектари на нискостеблеста дабова шума и смреки.
Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, тие се уште се на терен и се борат со огнената стихија на овој пожар кој е локализиран, но, како што велат, планираат до вечер целосно да го изгаснат.
Воедно ТППЕ Велес гаси и нов пожар кој денеска избувна кај велешкиот затвор во близина на поранешна Порцеланка, кон реката Бабуна.
Инаку ТППЕ Велес вчера интервенирала уште на три помали пожари во кои гореле стрништа кои со брза интервенција биле изгаснати.