525
Пожарот кај поранешната фабрика „Треска“ е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен.
-Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарност до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени- изјави Герасимовски.
Жителите и вработените во околните продавници беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.