Локализиран пожарот околу манастирот во Крушево, жителите ќе продолжат да дежураат

by fokus

После пет дена, попладнево е ставен под контрола пожарот кој во саботата изби во близина на манастирот „Св. Преображение“ во Крушево.

Локалното население, заедно со јавните претпријатија, војската и воздушна поддшка цели пет дена се бореа со пламените јазици, кои вчера претпладне дојдоа речиси до манастирот, во чија обнова учествуваше македонската поп икона Тоше Проески.

Првиот човек на противпожанрата единица во Крушево, Шули Ангелески порача дека пожарите се под контрола, но опасноста не е целосно отстранета.

„Успеавме да го локализираме пожарот околу манастирот и огнот кој се закануваше на околните села. Жаришта се уште има и наредните денови ќе има дежурни екипи, поради евентуална опасност“, рече Ангелески за „Фокус“.

Во Крушево во изминатите неколку дена гореше млада високостеблеста дабова и букова шума, нискостеблеста шума, папрат и трње на површина од околу 150 хектари.

Ј.Ц.

Поврзани новости