Лога: Состојбата во затворите е алармантна, ги замолувам сите политички партии да го поддржат Предлог-законот за амнестија

by Fokus

Министерството за правда ги повика пратениците што е можно побрзо да се изјаснат за предложениот закон за амнестија, давајќи свои забелешки и сугестии. Како што информира ресорниот министер Кренар Лога, за содржината на Предлог-законот е информиран и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Министерството за правда неколку пати испрати дописи до координаторите на политичките партии во Собрание на Република Северна Македонија за да се изјаснат за новиот Предлог-закон за амнестија. Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18 и 20 јули, на 24 август и на 11 и 13 септември.

Со предлог-законот преку писмен допис е запознат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од нив e побарано во најкус можен рок да го разгледаат и да се изјаснат за законското решение, давајќи свои забелешки и сугестии“, се наведува во објавата на фејсбук профилот на министерот.

 

Поврзани новости