Министерството за правда на чело со министерот Кренар Лога утрово испрати соопштение во кое информира дека Комисијата констатирала нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС системот, неконтинуирано архивирање на предмети, недоволен број на судии во помалите судови Берово, Крушево, Кратово и Куманово.
Покрај овие забелешки, комисијата укажува и на недоволниот број на информатичари во судовите, нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели, а се укажува и на тоа дека тонското снимање главно не функционира.
Ова како што информираат од Министерството за правда, се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.
Вчера Лога и Судскиот совет цел ден си испраќаа рекации, откако вчера наутро Министерството за правда испрати соопштение за судијката Снежана Манев, која според нив нема право да полага психолошкитест и тест за интегритет.
Таа е претседателка на кумановскиот суд и Лога неколку пати праќаше соопштенија за нејзината работа.