720
Министерот за правда, Кренар Лога вчера на социјалните мрежи објави фотографија од својот нов извод од матичната книга на родени, во кој ја има и графата за националност.
Графата националност во изводите се воведе со новото Упаство за водење на матичните книги кое го донесе Министерството за правда.
Уставниот суд на сопствена иницијатива отвори предмет за Упаството и веќе закажа седница на 5 јули на која ќе го разгледува овој предмет.