Лога: Секоја држава да обезбеди сигурно и отпорно дигитално опкружување

by Fokus
Samit sajber bezbednost Shibenik

Неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, а сајбер заканите и нападите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат се поголеми штетни последици, рече министерот за правда Кренар Лога на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник од 21-23 мај.

,, Сајбер безбедноста може да се оствари само ако се располага со ефективни и ефикасни капацитети за сајбер безбедност, но и ако се работи на превенција. Искуството е најдобра пракса. Образованието на експертите и размената на искуствата се важен чекор во сузбивањето на компјутерскиот криминал. Живееме во време на енормно зголемување на бројот на интернет и ИКТ корисници, поголем број достапни и ефективни електронски услуги и апликации чиј што број е правопропорционален со нови сајбер ризици и напади . Голем е бројот на случаи каде што тој тешко се открива, уште потешко се обезбедуваат докази, а во некои случаи е невозможно ефикасно да се спроведе кривичната постапка и сторителите да се изведат пред лицето на правдата и соодветно да бидат санкционирани”. рече Лога.

Како примери ги посочени анонимните портали креирани во Велес кои беа поврзани со изборите во САД како и лажните пријави за бомби во училиштата во неколку градови кои доаѓаа од анонимни пријавувачи а беа оценети како дел од хибридна закана и сајбер криминал.

Република Северна Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (Global Forum on Cyber Expertise), подготвена е и нова Страегија за сајбер безбедност до 2026 година.

„Формиран е Национален совет за дигитална трансформација на општеството, чија основна цел е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи“, рече Лога.

Република Северна Македонија има потпишано билатерални договори за унапредување на соработката во борбата против сајбер криминалот.

„Во текот на 2019 година, официјално се вклучивме во работните досиеја на Европол, Twins за детска порнографија и Cyborg за компјутерски криминал додека веќе неколкугодини активно работиме и разменуваме информации во работното досије Terminal за злоупотреба на банкарски податоци и платежни картици“, рече Лога.
Самитот го организираше Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Министерството за правда на САД и на него учествуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа и САД.

Поврзани новости