353
Министерот за правда Кренар Лога го посети подрачното одделение на Министерството за правда во Битола при што беше констатирано дека вработените работат во субстандардни услови.
Министерството за правда соопшти дека подрачното одделение нема лифт во зградата во кое е сместено одделението, а вработените кои се со инвалидитет немаат пристап до работното место кое е на петиот спрат во зградата.
„Недостасува канцелариски мебел, вратите и прозорците се оштетени и претставуваат опасност за странките кои доаѓаат да бараат бесплатна правна помош. Со влезот во ЕУ, преку фондови ќе се обезбедат средства за полесен пристап до правдата за ранливите категории. Денес повеќе од кога било е потребна Европската Унија“, изјави Лога, стои во соопштението од Министерството за правда.