Лога очекува Палевски релативно брзо да биде екстрадиран од Турција

by Fokus

Министерот за правда, Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција и оти очекува официјална Анкара оваа недела да го земе во процедура барањето за негова екстрадиција.

„Се уште е рано да се зборува за било што, како што кажавме пред два дена. Неговото испраќање во Македонија го очекуваме релативно брзо, но треба да видиме дали ќе бидат искористени сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи да биде како што баравме.

Документите се испраќаа неколку пати – преку DHL, електронски, преку нашето МНР и Амбасадата. Верувам дека од понеделник сите овие наши барања ќе бидат земени предвид во понатамошната постапка во Турција“, изјавил денеска Лога пред почетокот на форум организиран од неговата партија Алијанса за Албанците.

Поврзани новости