Лога контра Таравари: Да се држиме до самостоен изборен настап!

by Фокус

Откако лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога, кој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

Претходно, Таравари напиша: „Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“.

Таравари донесе одлука: Граѓанинот бара промена!

Поврзани новости