Соседно Косово се уште се чека екстрадиција на обвинетите од криминалната терористичка група која на 9 мај во кумановско Диво Насеље уби осум македонски полицајци.
Министер за правда, Кренар Лога изјави дека го побарал досието поврзано со трансфер на кумановската група која бара да ја одлежи казната во Косово.
Тоа се луѓето кои се осудени за вооружениот инцидент во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље каде загинаа 8 македонски полицајци.
Лога не сака да коментира додека не ги разгледа сите фактори поврзани со ова прашање.
„Јас го побарав досието поврзано со трансферот на кумановската група. Најголем дел од тие барања не се според тоа што предвидува законот. Остануваат уште најмалку 10 чекори до нивниот трансфер во Косово. И за ова прашање ќе треба да имаме ние согласност од двете страни. Се надевам дека за овие и други прашања ќе имаме комуникација во државата, но и со Косово“, кажа Лога.
Дел од осудените за настаните од Диво Насеље имаат косовски државјанства.
Од 29 осудени, седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни.
Осудените 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, а судот ги осуди на вкупно 746 години затвор.
Обвинети се за тероризам.