354
Министерот за правда, Кренар Лога, го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев.
Лога до Судскиот совет доставил допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на Нанев.
„Јас како министер нема да дозволам во работни тела кои се во состав на министерството да членуваат лица за кои постојат сериозни индиции за нарушен интегритет“, рече Лога.
Додаде дека поради воочени пропусти во работата на ова тело иницирал постапка за воведување на нов правилник за начинот на избор на составот.