Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.
Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати, соопшти МНР.
Муареми е еде од осомничените од групата Грчец/Дуќанџик во кои се товарат 10 лица.
По еден месец од големата полициска акција за разбивање на криминалната група од Грчец, која како што објави Министерството за внатрешни работи била инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи беше објавена меѓународна потерница по водачот на групата, Шеваљ Муареми.
Инаку, МВР поднесе кривична пријава против 16 лица, но по претресите уапсени беа шест лица и уште едно лице во Шпанија.
Другите деветмина од групата, меѓу кои и водачот Муареми, според МВР, подолг период престојувале во странство. На петмина им беше одреден притвор, а уапсениот во Шпанија е таму во екстрадиционен притвор.
Според МВР, оваа криминална група плановите и договорите, за извршување на кривичните дела ги правела преку непосредни контакти или со користење на енкриптирани телефони во кои била инсталирана апликацијата „SKY“, а која ја користеле членовите на организираната криминална група.
Оваа група организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Македонија, а има докази за вклученост во убиства и обиди за убиства.