Судскиот совет наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се бранат со јавна покана за учество на министерот на седници каде не може да присуствува заради препораките на ГРЕКО и законот, обвинува министерот за правда Кренар Лога.
„Сите овие месеци откако ја презедов одговорноста да бидам носител на функцијата министер за правда, од нив имам побарано само да го почитуваат законот и ништо друго.
Во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат. Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ“ вели Лога.
Одредени членови на Судски совет, според минисерот, се свесни дека е време да си заминат дома.
„А исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот. Одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè.
Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници. Пoчитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност!“ порача Лога.