Министерот за правда, Кренар Лога, ќе испрати со писмо до Председателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во која ке побара да свикува седница на Советот за Безбедност, информираа денеска од Министерство за правда.
Оттаму посочуваат дека „На оваа седница министерот Лога ке побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат“
„Посебно писмо, Министерот Кренар Лога ке испрати и до Министерот за Внатрешни Работи и директорите на АНБ и АР, каде ке се побарат истите информации“ велат од Правда.