Министерот за правда Кренар Лога остварил средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер на која се разговарало за соработката со САД како стратешки партнер во областите поврзани со реформите во правосудството, законодавната агенда, борбата против корупцијата.
Лога рекол дека дигитализацијата во правосудството е клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители, информираат од Правда.
Ја информирал амбасадорката за процесот на формирање на работна група за уставните измени и очекувањата опозицијата преку свои претставници да даде свој придонес во процесот кој е од исклучително значење за евроинтеграциите.
Амбасадорката Агелер била запозната и со состојбата во затворите и со монтираните судски случаи.