Лога: 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и 2/3 за уставните измени

by Fokus

„Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност“ пишува меѓудругото на Фејсбук актуелниот министер за правда, Кренар Лога.

Тој смета дека „создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор“.

„Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно. Нема врска друже, здравството не го чепкаат, зборував со Мицко“ пишува генералниот секретр во АА – Лога.

Поврзани новости