Петгодишно девојче загина откако воен авион падна за време на вежба за 100 години италијански воздушни сили

by Fokus

Петгодишно девојче загина откако италијански воен авион кој учествувал во акробатски вежби се урна кај Торино. Видеоснимка од трагичниот настан го покажува пилотот како се исфрлува од авионот непосредно пред ударот во земјата. Пилотот ја преживеа несреќата, во која е повреден и деветгодишниот брат на загинатото девојче, додека нивните родители имаат изгореници.

Видео снимено близу главниот аеродром во Торино покажува девет авиони како летаат во две тесни формации, по што еден од нив се одвојува и почнува да паѓа. Според локалните медиуми, првичната истрага покажала дека авионот веројатно налетал на јато птици, кои можеби влегле во моторот и предизвикале негово оштетување.

Авионот беше дел од демонстрациски тим кој требаше да учествува на настан со кој се одбележуваат 100 години италијански воздушни сили. Настанот, кој беше закажан за денеска, е откажан.

Поврзани новости