Кичеец призна вина за „Рекет“, Јанева и Боки 13 велат дека се невини

by fokus

Бојан Јовановски и Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ не признаа вина, но тоа го стори третообвинетиот Зоран Милевски Кичеец.

На прашањето од судијката дали чуствува вина тој одговори со „Да“.

За него постапката ќе се раздвои, по што наскоро ќе следува и пресуда.

Јанева на прашањето дали чуствува вина одговори „ Ниту тронка вина не чуствувам“.

Судењето  е во тек.

Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите.

Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор. Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Кичеец, пак, е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.

В.В.

Поврзани новости