Литванците собираат пари да купат дрон за Украина

by fokus

Граѓаните на Литванија собираат пари за да го купат напредниот воен дрон „Бајрактар“, што ќе биде ​​наменет за Украина во војната против Русија, и на тој начин ќе се солидаризираат со таа земја.

Околу три милиони евра (3,2 милиони долари) од потребните пет милиони се собрани за само три дена, главно во мали износи, се наведува во извештајот на локалната ТВ Лаисвес, литвански интернет-предавател што ја започна акцијата.

– Пред да започне оваа војна, никој од нас не мислеше дека ќе купуваме оружје. Но, сега тоа е нормална работа. Мора да се направи нешто за светот да биде подобро место, изјави Агне Беликајте (32), која испратила 100 евра веднаш штом во средата започна кампањата за собирање средства.

Беспилотните летала се покажаа ефикасни во изминатите години против руските сили и нивните сојузници во конфликтите во Сирија и Либија, а купувањето на ова оружје го координира литванското Министерство за одбрана, кое планира следната недела да потпише писмо со намери за купување беспилотни летала од Турција.

Украина во последните години купи повеќе од 20 воени дронови од типот Бајрактар ​​ТБ2 од турската компанија Бајкар, а на 27 јануари нарача уште 16.

– Ова е првпат во историјата обичните луѓе да собираат пари за да купат оружје. Тоа е без преседан, неверојатно, изјави за ТВ Лаисвес ​​украинската амбасадорка во Литванија, Бешта Петро.

Поврзани новости