456
Литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус загина во Мариупол, градот чија судбина ја документираше со години.
„Руските окупатори го убиле литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус додека тој се обидувал да го напушти Мариупол“, соопшти украинското министерство за одбрана на Твитер.
Четириесет и петгодишниот Кведаравичиус беше најпознат по документарниот филм „Мариуполис“, кој имаше премиера на Берлинале во 2016.
Филмот дава портрет на Мариупол, стратешки важен пристаништен град за кој проруските сепаратисти и украинските сили се бореа и во 2014, а денес е најуништениот град од почетокот на руската инвазија.
„Амнести интернешнал“ го награди Кведаравичиус на Берлинале во 2011 за филмот „Барзах“, снимен во Чеченија.